| |

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел денеска амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО. Во наредниот период следува негова ратификација во парламентите на сите држави членки.

На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот за надвбрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допшатува во Брисел од Вашингтон.

 За Македонија, НАТО е „преминување на линијата на безбеонст и сигурност и тоа е семејство на држави за безбедност, стабилност, вредности од Вашингтонскиот договор и семејство кое тежнее да го направи светот помирен и подобро место за живеење, изјави Димитров.

Протоколот сега патува за Атина каде според најавите за него Парламентот ќе гласа в петок.

Слични Објави