|

СДСМ: Мицкоски отчет треба да даде за Титаник и да поднесе оставка

Откако поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели, единствен отчет што треба да го даде Христијан Мицкоски е отчет за предметот Титаник, е наведено во писмената реакција од партијата на власт.

Според СДСМ, поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ признале дека постапувале незаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.

Со нивното признание, велат од СДСМ, се потврди се она што беше објавено во Вистината за Македонија се потврди дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни.

„По сето ова Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да си поднесе оставка а ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите. Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опкружен со исти луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николовски, Антонио Милошоски“, се потенцира во реакцијата од владејачката партија.

Апелираат на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од поранешни и актуелни политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозиција.

Правдата, велат од СДСМ, конечно мора да надвладее.

Извор: Temite

Слични Објави