МАКЕДОНЦИ ВЛЕГОА ВО БУГАРСКИОТ ОГРАНОК НА ВИТЕЗИТЕ ТЕМПЛАРИ
Бугарскиот огранок на витезите Темплари за прв пат во своите редови прими Македонци. Петмина македонски државјани станаа дел од Големиот Приорат на Бугарија во саботата на свечена церемонија која се оддржа во градот Шумен. Големиот приор на бугарскиот ред на витезите Темплари генерал Румен Ралчев изјави дека на 15 септември во Скопје ќе бидат примени уште членови, и додаде дека очекува за 2 години во Македонија да биде создаде посебен приорат на Темпларите.