|

Општина Струга обвинува за крадење електрична енергија од јавното осветлување

Несовесни лица и субјекти крадат електрична енергија од мрежата на јавното осветлување, со што нанесуваат голема финансиска, забележува Општина Струга.

Општинската прес-служба соопшти дека прават максимални напори со сите расположливи капацитети за одржување на јавното осветлување на најквалитетно и најефикасно ниво.

– Ќе продолжат интервенциите во градот и во селата, според планот на работа. Но, она што не загрижува се веродостојните информации за појавата на кражба на електринчна енергија од мрежата на јавното осветлување од страна на несовесни лица и субјекти, со што се нанесува голема финансиска штета и оштетување на преносните кабли, информира Општина Струга.

Работна група на Општината, како што посочуваат, ќе излезе на терен и сериозно ќе ги идентификува и ќе поведе судска постапка против секој потенцијален насилник.

Извор: zoom.mk



Слични Објави