(Видео)Радев: Дали Бугарија ќе ја отвори вратата за ЕУ, зависи само од РС Македонија
Бугарскиот претседател Радев изјави дека го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да разговара за односот на Бугарија кон Република Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во бугарскиот парламент.
Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер Кирил Петков, пренесува БТВ.
Претседателот е во Брисел на состанок на Европскиот совет.
„Бугарија ќе ја отвори вратата на РСМ само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес. Доколку успееме да дојдеме до таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат е целосно во рацете на земјата кандидат, додаде Радев.
„Нашите партнери веќе разбираат каде е суштината на проблемот – почитувањето на правата на македонските Бугари. Ова прашање повеќе не се поставува во Европскиот совет. Ова е заслуга на бугарската дипломатија“, рече Румен Радев.
Тој објасни дека се сретнал со претседателите на Германија, Австрија, Португалија, Италија, Грција, Словенија и Романија.
„ Насекаде ја објаснуваме и штитиме нашата позиција. Важно е да има консензус и внатре во Бугарија. Разменив мислење со премиерот. И двајцата го делиме мислењето дека во интерес и на Бугарија и на Европа е земјите од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ“, рече Радев.
„Предлагам бугарскиот парламент да иницира структуриран дијалог со Парламентот на Северна Македонија за да можеме да ги бараме најдобрите решенија и да можеме да ја отвориме вратата што е можно побрзо. Но само со гаранции за заштита на нашиот национален интерес“, рече Радев.

