| |

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА ПАЦИЕНТКА: ВО ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП СЕ ОДНЕСУВАА СО НАС КАКО СО НЕКОИ ЖИВОТНИ

Пред скоро една недела дознавме дека јас и моето семејство сме позитивни на Ковид – 19. Тестовите ги направивме на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Веќе 11 дена се лекуваме во домашни услови.

Денес ни закажаа преглед на инфективното одделение во Штип.
Глетката таму беше ужасна.

Собата каде што влеговме беше како од некој хорор филм: сива, прашина насекаде, пајажини, умирисана на влага, плочките и прозорите беа скоро црни, креветот на кој ни рекоа да седнеме имаше капки од пот и крв од други пациенти.

Лекарите беа спремни за тепачка. Се однесуваа со нас како со некои животни. Беше еден часот, надвор пекол. Мајка ми има 69 години, татко ми 61 година, со операција на срце и дијабетес. Ни рекоа дека не сме биле итен случај, што сме чекале цели 5 дена. Што ли? Не се јавуваат на телефоните, ни рекоа дека ќе ни пратат амбулантно возило уште пред 3 дена, од него ни трага ни глас. Моравме сами да се организираме и да закажуваме термини затоа што во оваа држава не можеш да се потпреш на никого.

Дојде ред да ни земат крв. Му земаа на татко ми, начинот беше катастрофален. Сестрата му се раздра на татко ми затоа што не можеше да му најде вена. Потоа му ја буташе иглата и ја местеше и на крај му ја проби вената.

Јас бев следна. Ме фати за рака и ми рече – “ЖЕШКО МИ Е, НЕ МОЖАМ ДА СЕ ЗАМАРАМ, НЕ МОЖАМ ДА ТИ ТРАЖАМ ВЕНА“ и ми зема крв од дланката.

Потоа не пратија на магнетна резонанца, ни рекоа да одиме горе на рентген. Таму чекавме половина час, во меѓувреме на моите родители им се слошуваше. Од таму не испратија да одиме од другата страна на зградата. Мајка ми не можеше да оди па побара количка. Ниту им беше гајле, ниту помогнаа. Едвај ја однесов мајка ми до каде што треба и полека завршивме работа.

Луѓенца, носете си маски и средства за дезинфекција за да не дојдете до овде. Оти во оваа црна дупка наречена “јавно здравство“ и здрав ќе се разболи.

Фб статус на Горица Митева



Слични Објави