|

Повеќе од 100.000 бегалци преминаа од Судан во соседните земји

Повеќе од 100.000 бегалци досега преминале од Судан во соседните земји за да се спасат од конфликтот што избувна минатиот месец во таа земја, изјави претставничката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Олга Сарадо.

Се проценува дека повеќе од 100.000 бегалци се меѓу оние што досега преминале во соседните земји, предупреди таа на брифингот во Женева, пренесува „Ројтерс“.

Десетици илјади Суданци и странци сè уште се обидуваат да побегнат од земјата опфатена со конфликти, која запаѓа во хаос.

Иако за повеќе од две недели од првата ескалација на непријателствата меѓу воените фракции беа објавени три примирја, ниту едно не траеше.



Слични Објави