Повеќе од 5100 вакцини се аплицирани во двата центри за вакцинација на д-р Милен Врабевски на границата со Бугарија
Официјално се затворени двата центри за вакцинација на границата со Бугарија, што беа отворени во мај по иницијатива на бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски. Во периодот додека беа активни во центрите поставени поведе од 5100 вакцини, јавува Бугарската национална телевизија.
Во привремените центри за вакцинација вакцина добиле бугарски и македонски државјани, вработени во детски градинки, полицајци, пожарникари и други.
„Има повеќе од 120 илјади луѓе со бугарски пасоши во РС Македонија, ние бевме должни да помислиме и на тие луѓе таму. Ние треба да го следиме примерот на ЕУ за интеграција на земјите од Западен Балкан, а тоа вклучува помош и нега како превенција од пандемијата таму, каде што можеме да бидеме од корист за нашите соседи“, вели д-р Врабевски, подвлекувајќи дека отворањето на центрите за вакцинација била правилна и дипломатска одлука во контекстот на пандемијата.
