|

Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од уставни измени е лошо и непромислено, пратеници за гласање ќе има – Османи смета дека и угодиле на опозицијата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за лоша и непромислена ја смета одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, кои решија повеќе да не разговараат за уставни измени. Сепак, Османи посочува дека Владата нема да се откаже од уставни измени со поддршка од опозицијата.

„Нема нешто што ВМРО-ДПМНЕ побара, а ние не прифативме и кога останаа веќе без аргументи, кажуваат „ги прекинуваме сите разговори, освен за избори. И затоа реков, ‘благодарам’, бидејќи не да побаравме, немаше тоа да го кажат“, рече Османи.

Оптимист е дека ќе има повеќе пратеници од потребното за уставни исмени.

„Во однос на пратениците јас очекувам дека бројот ќе е поголем отколку што е неопходниот за уставните измени“, посочи Османи.



Слични Објави