Повторно силен земјотрес во Црна Гора
Земјотрес со јачина 4.7 степени според Рихтер денеска во 12 часот и 41 минута ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот е на 31 километар од Никшиќ, на длабочина од 10 километри.
„Траеше подолго од вчера, непријатно..“, „се тресеше навистина силно, траеше околу десет секунди“, се дел од коментарите на страната ЕМСЦ.
Вчера вечер, нешто по 21 часот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во истото подрачје, јавува ЕМСЦ.