|

Пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол

Од Центарот за управување со кризи информираат дека преку Е-112 била добиена пријава за пожар помеѓу с.Долно Соње и с.Добри Дол во Општина Сопиште.

Од ЦУК појаснуваат дека гори смрека.

Веднаш била известена Бригадата за противпожарназаштита БППЗ на Скопје.

„Воздухопловна поддршка на пп силите на земја се трите пп авиони на ДЗС“, велат од ЦУК.

Слични Објави