|

Пожар во Драчево, горат неколку куќи, интервенираат 15 пожарникари

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека околу 17:25 часот е започнат пожар на кровна конструкција од барака на улицата „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско.

Како што информираат од ЦУК, пожарот е проширен и биле зафатени три куќи. Интервенираат 15 пожарникари со шест противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје.

Екипите на БППЗ на Град Скопје во 20:15 часот се уште се на терен.



Слични Објави