|

Пожарот во фабриката за бои и лакови е ставен под контрола, следува испитување на водата за пиење

Пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, општина Тетово, е ставен под контрола.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека има малку чад, но на самото место континуирано сè уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово, која ја контролира ситуацијата, а има и полиција за обезбедување на локацијата.

Екипа од Центарот за јавно здравје во Тетово е на терен и за да ја испитаат водата за пиење, а резултатите ќе бидат готови за неколку дена.

Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред бидејќи местото од каде што се црпи вода има 50 метри длабочина.



Слични Објави