|

ПОЗНАТ БУГАРСКИ НОВИНАР ГО ИЗГУБИ ЖИВОТОТ ПО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Познатиот бугарски новинар Милен Цветков почина по сообраѓајна несреќа во Софија, јави Нова ТВ.  Според првичните информации, новинарот бил во автомобил и чекал на црвен семафор кога џип се удрил во неговиот автомобил со голема брзина.

Новинарот се здобил со повеќе повреди и починал на патот кон болницата, јавуваат телевизиите.

Нова Тв јави дека е уапсен 22-годишниот возач кој ја предизвикал сообраќајката, а тестовите направени од полицијата покажале дека возачот употребил амфетамин и марихуана.

Милен Цветков беше долгогодишен водител на утринската програма на Нова Тв Здраво Бугарија и автор и водител на емисијата „Часот на Милен Цветков“ на истата тв куќа.



Слични Објави