Познатата бугарска новинарка Милена Милотинова со ново признание за нејзината работа- номинацијата за нејзината најнова награда дојде од организации на македонски Бугари
Познатата бугарска новинарка Милена Милотинова е првиот носител на наградата Leaders of Influence 2023 во сферата на медиумите. Наградата се дава за значајни каузи, кои го менуваат светот и личностите кои ги бранат истите. Номинацијата на Милотинова за оваа награда доаѓа од организации на македонски Бугари, како што таа самата информира во пост на социјалната мрежа Facebook.
„Им благодарам на македонските Бугари и нивните организации, кои ме номинираа за таа награда. Ја прифаќам наградата, како заедничка со нив, заради истрајноста во нивната борба за рамноправност и секогаш сум на линија да им помогнам со што можам“, пишува Милотинова.

Организатори на настанот Leaders of Influence 2023 се Надја Маринова и b2b Media. Годинава тие за прв пат даваат награда и за значајни лица во медиумската сфера.
„Се радувам што ја имам честа да бидам носител на првата доделена награда за медијна личност во Leaders of Influence 2023. Тоа е така бидејќи медиумите освен да информираат, можат и да предизвикуваат значајни настани. Како пример за тоа е средбата на македонските Бугари со еврокомесарот Вархеји, предизвикана од нашето интервју за емисијата „Брисел 1“. Тој беше изненаден од моите прашања. И јас бев изненадена од тоа што тој не се сретнал дотогаш со најоштетената заедница во РСМ, таа на македонските Бугари. Медиумите можат да информираат, но и да наметнуваат трендови. Во вториот дел е нашата значајна улога. Човековите права се еден од темелите на ЕУ и не е логично, но е факт дека во 21 век, некаде во Европа да има борба за рамноправност и тоа во земја кандидат за влез во ЕУ“, пишува Милотинова.


