Денот на бугарската култура и просвета и на словенската писменост 24 Мај беше одбележан со приредба и изложба во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Децата од бугарското неделно училиште „Здравеј“ се претставија со песнички и стихотворби, во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.
Во културниот центар беше претставена и изложбата за „буквите“- дело на деца од Бугарија од Софија, Севлиево и селото Куртово Конаре.
Амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов, во својот поздравен говор изјави дека Бугарија била и ќе биде земја на духот. Тој исто така го истакна придонесот на Бугарија кон духовноста во светски рамки.



На настанот посветен на 24 Мај во Бугарскиот културно-информативен центар присуствуваа локални Бугари и пријатели на Бугарија од Скопје.