ПРЕДАВАЊЕ „АФРИКАНСКИОТ КОЛОНИЈАЛИЗАМ И ВОАЈЕРИЗАМ: РАЗЛИКАТА КАКО СПЕКТАКЛ“

Истакнато Култура

Денеска (8 ноември) во 12 часот, проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет – УКИМ ќе одржи предавање на тема „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“…

Ова предавање се одржува во рамките на изложбата „Духовите на Африка“. Предавањето ќе се концентрира на начинот на визуелно претставување на африканските индивидуи на крајот од 19 и почетокот на 20 век. „Панаѓурското“ изложување на претставници на африканските народи пред љубопитните погледи на жителите на Европа и наСАД со цел да создаде контраст меѓу наводното дивјаштво на првите и „цивилизираноста“ на вторите.

Акцентот ќе биде ставен врз судбините на Конгоанецот Ота Бенга и Јужноафриканката Сара Бартман како парадигми за конструирањето стереотипи поврзани со расата и различноста, чие ехо одекнува и денес.