| |

Премиера на претставата „Без крв“ во копродукција на театрите во Велес и Пловдив

Утре, 10 септември, во Драмски театар Пловдив,Бугарија, ќе се одржи премиера на претставата „БЕЗ КРВ“ во копродукција на Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес и Драмски театар Пловдив, јавува на својата Facebook страна НТ „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.

„БЕЗ КРВ“

според истоимениот роман на Алесандро Барико

Превод на романот: Толја Радева

Авторска адаптација: Александар Секулов

Сценска верзија и режија: Диана Добрева

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Раде Василев и Елена Вангеловска

Композитори: Јавор Карагитлиев, Сашко Костов

Музика во живо: Сашко Костов

Кореографија: Олга Панго

Превод на македонски: Ана Батева

Фотограф на плакатот Георги Вачев

Дизајн на постер: Јавор Димитров

Улоги: Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, Филип Василевски, Елена Димитрова.

Бесмртната љубовна приказна на Алесандро Барико „БЕЗ КРВ“ започнува со одмазда и завршува со простување. Тројца мажи, две деца и татко се заклучени во лавиринтот на граѓанската војна. По години мир, една жена стои пред продавач на лотарија за да го извади од минатото. „Како да се раскине маѓепсаниот круг на одмаздата е прашањето на претставата, кој го наоѓа својот одговор: само љубовта може ненадејно и милосрдно да ги затвори раните. За прв пат во историјата на Бугарија и Северна Македонија, театрите од Пловдив и Велес создадоа заеднички креативен тим и спроведоа сеопфатен процес на проба за создавање на заеднички театарски проект.

Продукцијата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес. Проектот се реализира со поддршка на министерствата за култура на двете земји, Бугарскиот културно-информативен центар Скопје, како и Фондацијата Пловдив 2019 под отворена покана „Фестивали и големи настани“.



Слични Објави