ПОЗНАТИ И ДРУГИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВМЕШАНИ ВО УБИСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈД

/

Сите четворица полицајци кои биле вмешани во апсењето и убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, се сочуваат со обвиненија, откако претходно беа отпуштени од должност.

Државниот обвинител на Минесота, Кит Елисон, соопшти дека обвинението против Дерек Шовен е проширено од убиство од трет степен на убиство од втор степен, бидејќи тој е идентификуван како полицаецот кој со колено го притискал Флојд на вратот и го задушил.

Останатите тројца полицајци кои учествуваа во апсењето на Флојд, се товарат за помагање и поттикнување на убиство од втор степен.

Поранешните полицајци Тоу Тау, Џеј Александер Кенг и Томас Лејн се приведени.



Лејн доаѓа од полициско семејство, дедо му бил детектив. За него и за Куенг немало поплаки за прекумерна употреба на сила или недолично однесување. Нивните семејства не сакаат да ги коментираат настаните.

Тао претходно бил вмешан во случај на полициска бруталност и со спогодба се извлекол од обвинение за нанесување тешки телесни повреди и апсење без налог.



Претходна статија

ЗАЕВ ГО НАПАДНА МИЦКОСКИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ШТО ГИ КРШАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ НЕМААТ МЕСТО ВО ПОЛИТИКАТА

Следна статија

ПЕТАР КОЛЕВ: МАКЕДОНИЈА ПОМИНАЛА МНОГУ, ЌЕ ГО ПОМИНЕ И ОВА!

Најново од Вести