| |

(ВИДЕО) С. Сакскобургготски: Нормално е да има сослужение меѓу црквите на Бугарија и Македонија

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски денеска изјави дека е нормално Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија да имаат заедничко сослужение.

Поранешниот бугарски премиер за БГНЕС овој свој став го искажа веднаш по заедничката  богослужба што во храмот „Свети Александар Невски“ во Софија ја отслужија бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил, по повод 140-годишнината од ослободувањето на Бугарија од турското ропство.

 Неговиот повик доаѓа само неколку дена откако македонскиот премиер Зоран Заев официјално го поддржа сослужението меѓу двете цркви.



Слични Објави