Коѕијас доаѓа во втората половина на март-започнува нова рунда преговори
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе ја посети Македонија во втората половина на март. Тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Тогаш се очекува и почнувањето на нова рунда преговори за името со медијаторот Метју Нимиц.
Премиерот Заев истакна дека со доаѓањето на грчкиот прв дипломат ќе се направат обиди за приближување на ставовите. Заев додаде дека се очекува Коѕијас да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот со името.
-Ја очекуваме првата драфт верзија да дојде со министерот Коѕијас, така е договорено. Нека дојде, имаме право на свои коментари или било што. Ова може дапомогне, но може и воопшто да не се разгледува, може да не биде и предмет на разговорите. Сепак, не е на одмет секој равој на идеи кои би се случиле, а би биле од помош да бидат разгледувани од која било страна ако дојдат на маса, рече Заев.


