Во Прилепскиот театар вечерва (7 октомври) премиерно ќе се одржи претставата “Глембаеви, уште една легенда” во која играат прилепски и хрватски актери. Претставата е варијација на драмата на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец. Ансамблот го сочинуваат професионални, постојано вработени прилепски актери (8 актери) и актери од Загреб, соработници на Еуроказ (5 актери, претежно слободни уметници).
Проектот “Глембаеви, уште една Легенда“ настанува како финален резултат на долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, којашто тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.
Оваа претстава ќе се игра и на 8. и 9. октомври во Прилеп, а во ноември во Загреб.