ПРЕС ВО МОК ПО ПОВОД БРОНЗАТА НА ВЕСЕЛИ
Директорот на АМС, Дарко Каевски заедно со претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски на пресконференција му честитаа на нашиот најдобар Европски каратист Фаик Весели кој во негова категорија го освои бронзениот медал на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес.Каевски лично му се заблагодари на Весели за големиот успех и потенцираше дека ова значи и дополнителна мотивација за репрезентативецот да продолжи со уште поголемо тренажно темпо и еден ден да ја израдува Македонија и на сениорските Олимписки игри.

