Претежно облачно време со дожд посилен во попладневните часови

/

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 за 24 часа), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во јужните делови, каде се очекуваат сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени.



Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег. Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.

Претходна статија

Средба Арсовска и Таравари: Брзи, ефикасни и квалитетни решенија за модерни градови

Следна статија

Тешка сообраќајка во Арачиново, повредени пет лица

Најново од Вести