|

Претежно сончев ден со температури до 25 степени

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 22 степена.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Температурата ќе биде во значителен пораст, особено од понеделник, кога на повеќе места ќе надмине 25 степени.

Слични Објави