Претседателката на Косово Вјоса Османи е во официјална посета на Бугарија
По покана на бугарскиот претседател Румен Радев, претседателката на Република Косово г-ѓа Вјоса Османи-Садриу доаѓа во официјална посета на Бугариja, соопштија од прес-службата на шефот на државата.
Двајцата претседатели ќе разговараат за теми од билатералната и регионалната агенда, како и за европската перспектива на Косово. Ќе бидат разгледани можностите за зајакнување на соработката во сферите на економијата, инвестициите, енергетиката, транспортот, туризмот, образованието, науката и културата.
Румен Радев ќе ја пречека Вјоса Османи-Садриу со официјална церемонија. Претседателката на Косово ќе оддаде почит пред Споменикот на Непознатиот воин.
Двајцата претседатели ќе одржат средба во „четири очи“, по што ќе се одржат пленарните разговори меѓу официјалните делегации на Бугарија и Косово.
На церемонија во претседателството во присуство на Румен Радев и Вјоса Османи-Садриу, ќе биде врачен почесен медал на бугарските воени лица кои учествуваа во мисијата на Меѓународните безбедносни сили на Косово (КФОР). Одликувањето ќе го добие командантот на Заедничката команда, генерал-мајор Валери Цолов.
По доделувањето на наградата, претседателите Радев и Османи-Садриу ќе дадат заеднички изјави за медиумите.
Во рамки на посетата на Бугарија шефот на косовската држава ќе биде одликувана со почесна значка со ѓердан на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Вјоса Османи-Садриу ќе има средби со претседателот на Народното собрание Вежди Рашидов, како и со Софиската градоначалничка Јорданка Фандакова.

