|

Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Чешка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого разменија мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.

Претседателот Гаши изрази задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е меѓу државите кои ја стимулираат ЕУ да ја држи постојано отворена вратата за проширувањето и за интегрирање на земјите од Западен Балкан.

Соговорниците разговараа за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што амбасадорот Лудва истакна дека за Чешка е од посебно значење интегрирањето на земјите од овој регион.

Претседателот Гаши и амбасадорот Лудва се согласија дека односите меѓу Северна Македонија и Чешка се многу добри, за што се показател и многу средби на билатерално ниво во изминатиот период, што треба да биде пракса и во иднина.

Во тој контекст, претседателот Гаши истакна дека Чешла е мошне активна во делот на економската соработка со нашата земја. Тој го информира амбасадорот дека во Собранието е во тек формирање на делегациите и на парламентарните групи за соработка, посочувајќи дека преку ПГ за соработка со чешкиот Парламент може да се отвори посеопфтна дебата за продлабочување на билатералната соработка на повеќе полиња, како и за зајакнување на капацитетите за земјава за привлекување повеќе странски инвестиции.

Слични Објави