Претседателот Радев ги одликува истакнатите бугарски творци со Почесниот знак на претседателот
Во навечерието на Денот на народните будители – 1 ноември, претседателот на Бугарија Румен Радев одржа свечена церемонија во Гербовата сала на „Дондуков“ 2, на која им врачи Почесен знак на претседателот на група заслужни бугарски творци и општествени дејци, јавува БНР.
Меѓу наградените се историчарот Светлозар Елд’ров, балетскиот уметник и педагог Бојко Неделчев, читалишниот дејател Марија Златкова, научникот проф. Георги Михов, како и подполковник Ради Радев, долгогодишен главен диригент на Гвардискиот претставнички духов оркестар.
„Во навечерието на овој длабоко духовен празник, имам привилегија да изразам признание и почит кон сите вас кои својот живот го посветивте на родољубиви и општествено значајни каузи и на напредокот на Бугарија“, изјави претседателот Радев при врачувањето на одликувањата.
Подполковник Ради Радев ја прифати наградата со зборовите дека тоа е признание за трудот на сите воени диригенти и оркестранти, кои со својот професионализам ја изградиле музичката култура на земјата. „Горд сум што ја носам гвардиската униформа и што сум дел од вооружените сили на Република Бугарија“, рече Радев.
