Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

/

Во средата, во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.

Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.



Претходна статија

Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот

Следна статија

Нема пресуда за „Тортура“, процесот ќе биде повторен

Најново од Вести