| |

Претставничката на Бугарија Дара замина за Виена за настапот на Евровизија

Бугарската поп-ѕвезда Дара замина со дел од својот тим за Виена, каде ќе ја претставува Бугарија на Евровизија, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.

На софискиот аеродром ја испратија нејзини обожаватели, кои ѝ подарија подароци за среќа. Еден од нив е минијатурна фигура на самата Дара, облечена во аутфитот од песната „Бангаранга“ и со статуетка на победата во рака. „Спокојна сум и возбудена да ја видам сцената вечерва“, изјави Дара.

Во Виена ќе ѝ се придружат и другите членови на нејзиниот тим, како и нејзиниот сопруг, кој ќе ѝ дава поддршка. Бугарската претставничка е задоволна што ќе настапи прва и ќе го отвори второто полуфинале, кое ќе се одржи на 14 мај.



Слични Објави