Претставници на граѓанското здружение ,,16-ти март 2025 – Кочани“ се сретнаа со австрискиот амбасадор во Република Северна Македонија
Претставници на Здружението на граѓани ,,16-ти март 2025 – Кочани“, денеска се сретнаа со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Мартин Памер, јавува Радио Кочани.
На средбата се разговарало за тековните активности, мисијата и предизвиците со кои се соочуваат родителите од граѓанското здружение.
„Го информиравме амбасадорот дека, и покрај нашата постојана ангажираност, се соочуваме со сериозни пречки – пред сè недостаток на институционална поддршка, што значително го успорува и отежнува спроведувањето на активностите и иницијативите важни за семејствата.
Посочивме дека овие околности ја прават нашата работа уште покомплексна, но дека остануваме посветени да продолжиме со сите процеси, со цел достоинствено одбележување и создавање подобри услови за чувањето на споменот и барањето вистинска правда за нашите најмили“, стои во објавата на Радио Кочани.
Амбасадорот ја изразил својата подготвеност да ги следи процесите и ја отворил можноста за понатамошни разговори и соработка со здружението.

