Врховниот командант на силите на НАТО во Европа доаѓа во посета на Бугарија
Врховниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, на 1 јули ќе пристигне во посета на Бугарија, на покана на началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, јавува Инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана.
Посетата се реализира во важен момент, непосредно пред претстојниот самит на Алијансата во Анкара, Турција.
За време на разговорите ќе бидат разгледани прашања поврзани со зајакнувањето на одбраната на југоисточното крило на НАТО и адаптацијата на Алијансата кон променетата геополитичка безбедносна средина.
