|

ПРОТЕСТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ И 5G: „СО СКРШЕНА НОГА УМРЕЛ ОД КОРОНА“

Група граѓани денеска се собраа на протест против, како што велат, лажната пандемија, принудното вакцинирање и монтирањето на 5G антените, јавува Фокус.

Тие велат дека власта ги крши правата и слободите на граѓаните и ги обвинија и медиумите дека шират лажни информации. Воедно, побараа здравствените власти да ги објават имињата на заразените и починатите од корона вирусот.

„Зошто Филипче не го објави списокот на починати? Со скршена нога, умрел од корона, со прелет црева, а умрел од корона“ прашал еден од демонстрантите.

Друг, пак, изјави дека дека шетал низ цела држава и, како што рече, ниту видел некој да паѓа, ниту да кашла, ниту некој му кажал дека има корона.

МВР соопшти дека против 7 од присутните на протестот се преземени мерки за непочитување на уредбите и мерките за јавен собир и групирање, а едно лице е приведено во полициска станица.

Слични Објави