Д-Р ПАНОВСКИ: СО ВАКВИ БРОЈКИ НА ЗАБОЛЕНИ НИКОЈА ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ НЕМА ДА НЕ ПРИМИ
Професорот Д-р. Никола Пановски во емисијата „Детектор“ на Сител изјави дека и да се отворат границите, никој од земјите во регионот нема да не прими со овие бројки на ново заболени од Ковид-19 дневно.
Според него Македонија единствено може да служи само за транзит.
„Не би имало ефект отворањето на границите во овој момент, бидејќи никој не би не примил. Кога би се отвориле границите тие ќе бидат отворени за Грците да одат во Србија и Србите во Грција, да проаѓаат во транзит, ако сакаат на нивна одговорност, меѓутоа јас не знам кој нас ќе не прими да одиме ако бројките растат“, рече Пановски.
Тој додава дека ако нашите бројки од 60-тина ново заболени дневно се споредат со тие во Италија, испаѓа дека таа земја би имала 1800 случаи дневно.
