|

ПАПА ФРАНЦИСК СО ПОВИК ДО ВЕРНИЦИТЕ ПОВРЗАН СО КОРОНАВИРУСОТ

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск за време на својата литургија во базиликата „Св Петар“ во Ватикан ги повика верниците да не бидат песимисти во однос на излезот од изолацијата поради коронавирусот и да не тврдат дека ништо нема да биде како порано.

Тој истакна дека со ваквото тврдење верниците наметнуваат атмосфера според која единственото нешто што нема да се врати е надежта.

Папата Франциск ги повика верниците да бидат единствени за време на пандемијата и да не бидат себични во задоволувањето на сопствените потреби, туку да имаат разбирање и кон потребите на другите луѓе.

Слични Објави