ПРИ КРАЈ СЕ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД
При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид,опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, јавува Канал 5.
За поефикасна координација на акцијата денеска се одржа средба на Градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.
