Причината за смртта на малата Јана, и по речиси две недели, останува мистерија, Обвинителството уште го чека наодот
Обвинителството во Битола сè уште ги чека наодот од обдукцијата и извештајот од Министерството за здравство за малата Јана, која почина во битолската болница. Причината за нејзината смрт е сè уште нејасна и по речиси две недели.
Надлежниот јавен обвинител во Битола побара веднаш по изготвувањето да му биде доставен извештајот од стручниот надзор. Наодот од обдукцијата сè уште не е пристигнат, а во меѓувреме се преземаат други дејства на проверки.
Шестгодишното девојче почина на 22 март по примена инфузија во болницата во Битола. Девојчето било донесено со температура и дехидрирано поради повраќање, па докторите му дале инфузија на детето по што му се влошила состојбата. Родителите ги обвинуваат лекарите за грешка при лекувањето.