Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера во 17:55 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, го лишиле од слобода Б.М. (22) од Кочани. Тој бил фатен веднаш по извршување кражба од продажен објект лоциран на истиот булевар и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот.
Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.