Приведен кумановчанецот кој се сликаше со лавче

/

Службеници од Одделот за криминалистика при кумановската полиција вчера привеле 31-годишник од овој град со иницијали С.А.

За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни.

По претходно добиени сознанија за незаконско чување  диво животно, полицијата презела активности, а по добиена судска наредба извршила претрес на три локации на подрачјето на Куманово.



Со 31-годишникот бил извршен службен разговор и по насока на јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.

Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на негово целосно расчистување.

Претходна статија

Мета: Пораките од Самитот во Словенија охрабрувачки

Следна статија

Заев: Не е соодветно цела една нација да биде квалификувана како фашистичка

Најново од Вести