Симеонов: Каков компромис треба да направиме Делчев да стане Делчески ли?

//

Фб статус на Прван Симеонов

Гледам дека се зборува за компромис со Македонија. Можам да напишам цел „чаршаф“ по таа тема со илјадници нијанси за тоа што е етнос, што национална припадност, што е нација итн. Се разбира дека прашањето е комплицирано.

Тогаш кога станува збор за државен интерес (а и за вистина) треба да може и кусо.

Кажано во кратки црти, не разбирам каков компромис да се направи. Да објавиме дека Гоце Делчев е половина Бугарин? Или да му го смениме името посмртно, како што направија во едно македонско село со еден споменик и да стане Делчевски? Или најдобро е директно Делчески без „в“, за да биде посовремено македонско. Што сакаат нашите партнери од нас, да направиме постхумен преродбенички процес ли? Тие луѓе самите се изјаснувале како Бугари! Едноставно е. Пред неколку децении, македонски е само политичкиот идентитет на движењето, не етничкиот карактер (да, во подалечните македонски краишта постои и протомакедонизам, кој се темели на безраличност или на аморфна самосвест). Како што денес има политички косовски идентитет. До средината на минатиот век македонско и бугарско се два збора за едно и исто.



Бидејќи пак напишав премногу, да резимирам… Никакви компромиси!

Претходна статија

„Лошото“ друштво на Велко Скочивирски

Следна статија

Генерал Радев војвода

Најново од Ваш став