415 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЕУ И ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЗА ТУРИЗМОТ НА ОХРИДСКОТОТО ЕЗЕРО

//

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со градоначалниците на Охрид и на Поградец, Јован Стојаноски и Едварт Капри, заменикот министер за туризам на Република Албанија Хајрула Чеку и претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, денеска во Охрид го промовираа проектот Охридско Езеро-Безбедна дестинација за авантуристички туризам.

Проектот во вредност од 415 евра е финансиран преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка во висина од 85 насто, а 15 насто се обезбедени од страна на Министерството за локална самоуправа што ја координира Програмата.

– Во рамките на овој, првиот повик за проекти за прекугранична соработка со Албанија, во вториот програмски период, на потенцијалните корисници на располагање им беа ставени скоро 3 милиони или конкретно 2 милиони и 890 илјади евра од Европската Унија и 15 насто национално кофинансирање што од македонска страна го покрива Министерството за локална самоуправа. На овој начин им помагаме на апликантите и ги мотивираме да поднесуваат повеќе и поквалитетни проекти како начин да реализираме што повеќе средства од ИПА Програмата на Европската Унија. Ова е еден од деветте проекти одобрени во рамките на првиот јавен повик, со кои што се реализирани 99 насто од расположливите средства. Аргументите говорат за исклучително успешна реализација и се доказ за заинтересираноста и подготвеноста на апликантите, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој што ја поздрави иницијативноста и иновативноста на носителите на проектот, општините Охрид и Поградец.



Со проектот ќе се формираат и опремат два спасувачки центри за ефикасни интервенции во вонредни ситуации: Центар за спасување на планина во Охрид и Центар за спасување на вода во Поградец и ќе бидат обучени околу 80 спасувачи.

Новоформираните центри за спасување и воспоставените процедури и стандарди за управување со ризици, ќе бидат активно промовирани кај туристички агенции, туристички оператори и туристички провајдери, со цел да се искористат за подобрување на конкурентноста на регионот „Охридско Езеро“ како атрактивна дестинација за авантуристички туризам.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: КАРТЕЛОТ НА ЗАЕВ ЈА ОГРАБУВА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

СДСМ: МИЦКОСКИ ИМА НАЈМАЛКУ 13 ЦРНИ СЦЕНАРИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

Најново од Вести