СДСМ: МИЦКОСКИ ИМА НАЈМАЛКУ 13 ЦРНИ СЦЕНАРИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

//

Христијан Мицкоски во улога на раководител на ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги брани криминалот и поделбите, со единствена мисија да го кочи напредокот на Република Македонија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат најмалку 13 црни сценарија во коишто сакаат да ја турнат Македонија.

1. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана и затоа се обидува да го кочи пристапувањето во НАТО и ЕУ.

2. ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се избори за амнестија за криминалот на фамилијата.

3. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато да ги малтретира гласачите, па сака да го ускрати нивното право на референдум да одлучат за сопствената за иднината на државата.

4. ВМРО-ДПМНЕ не сака независни медиуми и затоа пред референдум го блокира носењето на Законот за медиуми.

5. ВМРО-ДПМНЕ сака небезбедни граници, конфликт и неизвесност, затоа е против НАТО и ЕУ.

6. ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и зборува само за небиднина, наместо за иднина.

7. ВМРО-ДПМНЕ си го бара минатото со партизирани институции каде администрацијата е под диктат, затоа се против европските реформи.

8. ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да се врати времето на Сваровски судството.



9. ВМРО-ДПМНЕ шири поделби и граѓаните ги дели на наши и ваши, на Македонци и неМакедонци.

10. ВМРО-ДПМНЕ жали по сомнителни иневститори како Субрата Рој.

11. ВМРО-ДПМНЕ поддржува насилство, и уште полошо, бара амнестија за насилниците од 27 април.

12. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и неговите ментори сакаат минато, за повторно нелегално да прислушуваат и да им дишат во врат на илјадници граѓани.

13. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и фамилијата сакаат да го крадат сопствениот народ преку провизии и криминални тендери, сакаат држава без ред и затоа се против ЕУ и НАТО.

Македонија одамна ги надмина 13те црни сценарија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Волјата на граѓаните повторно ќе биде конечна и јасно определена за напредок, правда и квалитетен живот.

ВМРО-ДПМНЕ има 13 причини да ја држи Македонија во заложништво, но граѓаните имаат илјадници причини да кажат ДА за македонската иднина, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.



Претходна статија

415 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЕУ И ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЗА ТУРИЗМОТ НА ОХРИДСКОТОТО ЕЗЕРО

Следна статија

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ГО ПРОВЕРУВА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ

Најново од Вести