Приведен велешанец за обид за „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН

/

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 10.00 часот го лишија од слобода 44-годишниот велешанец С.М.(44), осомничен за обид за кражба.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека на 5 ноември околу 22.40 часот со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН на улица „8-ми Септември“ во Велес, но не успеал во тоа, бидејќи при неговиот обид да исече кабли настанала експлозија.

Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Претходна статија

Со изведување на докази од одбраната продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Следна статија

Ковачевски: Заради неодговорното однесување на опозицијата, ЕБОР ги повлече парите

Најново од Вести