ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ГОСТИВАРЧАНКИ: УЦЕНУВАЛЕ ДЕВОЈКА СО ОБЈАВА НА КОМПРОМИТИРАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
Две помлади гостиварчанки завршија во полициска станица под сомнение дека уценувале нивна сограѓанка. Од полицијата информираат дека вчера (7 август) околу 15 часот и 30 минути, биле лишени од слобода Ш.О.(21) и Е.М.(18), двете од Гостивар.
Тие се сомничат за за уцена на 27-годишна девојка. Според пријавата, нејзе и се заканувале доколку не им даде пари и мобилен телефон ќе објавеле нејзин компромитирачки материјал. Од полицијата најавуваат дека по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

