ПРИВЕДЕНИ МАЛОЛЕТНИЧКА И СКОПЈАНЕЦ ПОРАДИ ДРОГА, МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА И КАЈ МАЛОЛЕТЕН ТЕТОВЕЦ

Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Босна Херцеговина“ го привеле С.Г.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Нешто подоцна, во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ привеле малолетничка од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена алуминиумска фолија со црна материја и цевка.

По комплетно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 22.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово од слобода лишиле малолетник од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.