ЌЕ ИМА ЛИ ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА КОМИСИЈА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?

/

Вонредна средба на Комисијата за историски прашања ќе бара бугарската страна откако премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред два дена побара таа да работи секојдневно и до октомври да ја заврши својата работа, јавува Плусинфо.

Копретседателот на Комисијата за историја Ангел Димитров, во изјава за бугарското национално радио, порача дека ќе ги повика на состанок македонските колеги кон крајот на овој месец, пред редовно закажаниот во септември.

На таа средба како што вели Димитров, треба да се решат две важни прашања – бугарските учебници за средновековието и османлискиот период, но и прашањето за чествувањето на Гоце Делчев.



Претходна статија

ГДУ-ОХРИД: ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ ПЛАЖИТЕ НЕ СЕ ВАША ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ!

Следна статија

(ВИДЕО) ВО ТЕКСАС, ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, МАЖ УБИ 20 ЛИЦА И РАНИ УШТЕ ТОЛКУ

Најново од Вести