ПРИВЕДЕНИ ВЛАДИКА И СВЕШТЕНИЦИ ПОРАДИ ОДРЖУВАЊЕ ЛИТИЈА ВО ЦРНА ГОРА

//

Епископот будимљанско – никшиќки г. Јоаникие и седум свештеници од оваа епархија синоќа беа приведени во Никшиќ по налог на обвинителството, поради одржување литија на празникот Свети Василиј Острошки на која учествувале илјадници граѓани, наспроти забраната за јавни собири што е на сила во Црна Гора.

По сослушувањето во Основното јавно обвинителство во Никшиќ, утрово им е одреден притвор од 72 часа.

Митрополитот на СПЦ Амфилохие заедно со Јоаникие ја предводеа традиционалната литија по улиците на Никшиќ по повод денот на Свети Василиј Острошки, во која учествувале илјадници граѓани. Според Амфилохие, молитвата требало да се одржи во црква, но кога виделе колку верници се собрале, решиле да не се откажат од прошетката.



Пред да отиде во полицијата да даде изјава за настанот, владиката Јоаникие им се обрати на собраните верници и ги повика да не прават нереди. Тој порача дека ќе оди во полиција даде изјава бидејќи е длабоко уверен дека не е прекршен ниту еден член на Уставот на Црна Гора и дека тие „пред Бога и пред народот“ се чисти.

Претходна статија

ДЕНЕСКА ПОЧНА ТАРГЕТИРАНИОТ СКРИНИНГ СО ПСР ТЕСТОВИ, ПРВИ СЕ ТЕСТИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Следна статија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА ПОСТЕПЕНО УКИНУВАЊЕ НА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ПАТУВАЊАТА

Најново од Вести