Приведено лицето што пукаше кон демонстрантите кај „Мавровка“
Од МВР за МКД.мк официјално потврдуваат дека е приведено лицето што пукаше кон демонстрантите во денешниот протест против францускиот предлог за решавање на отворените прашања со Бугарија, во близина на трговскиот центар Мавровка и плоштадот Скендербег.
Порано вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави на својот фејсбук профил дека приведеното лице сакало да го убие него и го повика МВР и министерот за внатрешни работи истиот човек веднаш да биде уапсен.
Мицкоски најави вонредна прес-конференција, која треба да започне во 22 часот вечерва.
