Привремената влада на Бугарија одобри 1,75 милиони евра за манастирот Зограф на Света Гора

/

Привремената влада на Бугарија одобри близу три и пол милиони лева (1,75 милиони евра) за обнова на манастирот „Св. Великомаченик Георги Зограф“ на Света Гора во Грција, јави дописникот на МИА од Софија.

Вршителот на должноста министер за култура Велислав Минеков информира дека ќе се сретне со игуменот на манастирот Амвросиј. Доделените пари ќе бидат наменети за обновување на Зограф по пожарот во источното крило и за изградба на пат до манастирското пристаниште Арсана.

Минеков изјави дека сега има можност да почне обновата на манастирот.

– По пожарот во источното крило, се остана само на намера и сега конечно ќе се реши проблемот со неговата реставрација и конзервација. Долго време се бараа средства. Сега има шанса да почне оваа поправка и тоа ќе се случи, рече Минеков.

Извор: zoom.mk





Претходна статија

Пет лица со корона починаа, 252 нови случаи

Следна статија

Кај скопјанец во Тетово биле пронајени 29 фалсификат банкноти од по 100 евра

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи