Не ги извршувале задачите и не се појавувале на работа, но Дритон Беџети им исплатил 22.525 евра, кривична за ексдиректорот на Фондот за пензиско
Поднесена е кривична пријава против поранешниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Дритон Беџети од редовите на партијата Алтернатива поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.
Како што информираа од МВР, во периодот од 19 февруари 2022 до 17 март 2023 година, кога тој ја извршувал функцијата, во име на фондот склучил повеќе договори на дело и договори за извршување на самостојна работа со шест лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.
Директорот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во договорите, а ниту пак Фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори.
На тој начин, поранешниот директор, им овозможил на лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на државата.
